Muhammet Kurşun
22 Јули 2020•Ажурирај: 22 Јули 2020
ТЕХЕРАН
Во Иран во изминатите 24 часа од последиците на Ковид-19 починаа 219 лица, со што вкупниот број на починати се зголеми на 14.853, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари изјави дека во истиот период е потврдено заразување кај уште 2.586 лица.
Таа истакна дека бројот на заразени во таа земја достигнал 281.413 и додаде дека 3.609 заразени лица се наоѓаат во критична состојба.
Лари изјави дека се излекувани 244.840 лица, кај кои претходно е потврдено присуство на коронавирус.
Таа напомена дека покраините Резеви Хорасан, Фарс, Западен и Источен Азербејџан, Елбурз, Луристан, Хузестан, Гулистан, Мзандаран и Керман се прогласени за црвени зони, додека неколку покраини меѓу кои се наоѓаат Техеран и Исфаган се прогласени за ризични подрачја.
Во Иран од почетокот на пандемијата се тестирани 2.228.277 примероци.