Mustafa Melih Ahıshalı
09 Март 2020•Ажурирај: 09 Март 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Иран од новиот вид коронавирус (Ковид-19) починаа уште 43 лица, со што вкупниот број на починати се искачи на 237, а бројот на откриени случаи се зголеми на 7.161, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на Новинската агенција на ирански студенти (ИСНА), Кијануш Џиханпур, од Министерството за здравство на Иран, истакна дека во последните 24 часа починале уште 43 лица низ земјата.
Џиханпур информираше дека вкупната бројка на откриени случаи изнесува 7.161.
Според него, 2.394 лица се излекувани и отпуштени од болница.
Инаку, првиот случај на Ковид-19 во Иран беше откриен на 19 февруари во градот Ком.