Mustafa Melih Ahıshalı
10 Август 2020•Ажурирај: 11 Август 2020
ИСТАНБУЛ
Во Иран бројот на починати како последица на заразеност со новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 18.616, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, во изјава за државната телевизија истакна дека во последните 24 часа од поселедици на заразаност со Ковид-19 починале уште 189 лица.
Лари нагласи дека со ова, вкупниот број на починати од овој вирус во Иран порасна на 18.616.
Таа информира дека во земјата се дијагностицирани уште 2.132 случаи на лица заразени со овој вирус, со што вкупната бројка на детектирани случаи во земјата се зголеми на 328.844.
Според Лари, 3.992 од вкупниот број на заразени лица се наоѓаат во тешка состојба, а оздравеле 286.642 лица.
Портпаролката Лари нагласи дека во Иран досега се направени 2.711.817 тестирања за Ковид-19.