свет, Коронавирус

Иран: Бројот на починати од Ковид-19 се искачи на 17.976

Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, во изјава за државната телевизија истакна дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 174 лица

Ahmet Dursun  | 06.08.2020 - Обновена : 07.08.2020
Иран: Бројот на починати од Ковид-19 се искачи на 17.976

АНКАРА

Во Иран бројот на починати како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 17.976, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, во изјава за државната телевизија истакна дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 174 лица.

Лари нагласи дека со ова, вкупниот број на починати од овој вирус во Иран порасна на 17.976.

Таа информира дека во земјата дијагностицирани се уште 2.634 случаи на овој вирус, со што вкупната бројка на детектирани случаи во земјата се зголеми на 320.117.

Според Лари, 4.156 од вкупниот број на заразени лица се наоѓаат во тешка состојба, додека во земјата оздравеа 277.463 лица.

Лари нагласи дека во Иран досега се направени 2.612.763 тестирања за Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın