Mustafa Melih Ahıshalı
15 Април 2020•Ажурирај: 15 Април 2020
ИСТАНБУЛ
- Во Иран во изминатите 24 часа од последиците на заразувањето со новиот тип коронавирус починаа 94 лица, со што вкупниот број на починати се зголеми на 4.777, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за здравство на Иран, Кијануш Џиханпур, соопшти дека е потврдено заразувањето кај уште 1.512 лица и дека вкупниот број на заразени во таа земја изнесува 76.389.
Тој изјави дека досега се излекувале 49.933 заразени лица, додека 3.643 заразени се наоѓаат во критична состојба.
Првиот случај на заразување во Иран е забележан на 19 февруари во градот Ком.