Ekip
19 Јуни 2020•Ажурирај: 19 Јуни 2020
ЊУ ДЕЛХИ
Во Индија за еден ден е регистриран највисок број случаи, при што во последните 24 часа потврдени се 13.586 случаи на заразување, се соопштува од Министерството за здравство, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вкупната бројка на заразени во земјата достигна 366.946.
Бројот на починати од последиците на вирусот достигна 12.573 , при што во последните 24 часа се пријавени 336 жртви.
Министерот за внатрешни работи, Амит Шах, вчера одржа состанок со високи официјални претставници за преглед на подготовките за Ковид-19. Тој ја истакна потребата да се има унифицирана стратегија за борба против пандемијата.
„За да го контролираме Ковид-19, треба да тестираме повеќе и исто така е неопходно за идентификација и третман на оние кои се дијагностицирани позитивни на Ковид-19“, рече Шах.
Западната држава Махараштра, чиј главен град е Мумбај, продолжува да биде најтешко погодена држава во земјата. Бројот на починати таму се зголеми на 3.830, а вкупниот број на заразени пациенти се зголеми на 120.540, вклучувајќи 53.915 активни случаи.