свет, Коронавирус

ЕУ доделува 263 милиони долари за сириските бегалци

- Новиот пакет помош на ЕУ има за цел развој на здравствените услуги и социјална заштита на сириските бегалци и нивните домаќини, како и унапредување на образованието и грижата за семејството.

Ekip  | 31.03.2020 - Обновена : 31.03.2020
ЕУ доделува 263 милиони долари за сириските бегалци

БРИСЕЛ

Европската унија издвои 240 милиони евра ($263 милиони долари) за поддршка за сириските бегалци и заедниците кои се нивни домаќини во Ирак, Јордан и Либан, соопшти денес Европската комисија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Новиот пакет со помош има за цел развој на здравствени услуги и социјална заштита на сириските бегалци и нивните домаќини, како и унапредување на образованието и грижата за семејството.

Најголемиот дел од помошта - 100 милиони евра (110 милиони долари) - ќе го подобри социјалното осигурување и ќе им помогне на најранливите локални и сириски домаќинства во Либан. Дополнителен пакет од 10,5 милиони евра (11,5 милиони долари) е специјално намент за грижа за децата и заштитата на семејствата.

Околу 57,5 милиони евра (63 милиони долари) ќе бидат потрошени за образованието на либиските и сириски деца.

Јордан исто така ќе добие 27,5 милиони евра (30 милиони долари) за образование и 22 милиони евра (24 милиони долари) за здравствена нега. Други 11 милиони евра (12 милиони долари) ќе бидат посветени за локалните жени и жени бегалци.

Ирачката западна покраина Нинива ќе добие пакет со помош од 10 милиони евра (11 милиони долари) за сместување на повратниците и поддршка за изградба на мир.

„Европската унија ги поддржува сириските бегалци и земјите кои што се нивни домаќини“, рече шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеф Борел.

„Средствата не се наменети само за соочување со непосредните предизвици, вклучувајќи ја тука и пандемијата на коронавирусот, туку и за изградба на нивната иднина“, додаде тој.

Блокот повика на итен прекин на огнот во Сирија, по изјавата на портпаролот на Европската комисија, Петер Стано, во текот на изминатиот викенд.

Прекинот на огнот „е исто така предуслов за стопирање на ширењето на коронавирусот и заштита од потенцијалните погубните последици предизвикани од Ковид-19 кај населението кое веќе страда, се истакнува во дипломатското соопштение.

Регионалниот фонд ЕУ како одговор на сириската криза обезбеди финансиска помош од над 2 милијарди евра (2,2 милијарди долари). Фондот првично беше основан во 2014 година со цел да се реши хуманитарната криза предизвикана од војната во Сирија, и ќе работи до 2023 година.

Оперативниот одбор на Фондот на ЕУ добива придонеси од земјите-членки на ЕУ, Велика Британија и Турција, која е земја домаќин со најголем број на сириски бегалци.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın