Jeyhun Aliyev
04 Мај 2020•Ажурирај: 04 Мај 2020
ИСТАНБУЛ
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган испрати видеопорака на состанокот под наслов „Глобален одговор на меѓународната посветеност во активносите против Коронавирусот“ организиран од страна на Комисијата на ЕУ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Секоја вакцина против Ковид-19 треба да се смета за заедничка сопственост на целото човештво, изјави денес турскиот претседател во видеопораката до светските лидери кои се сотанаа со цел да се соберат 7,5 милијарди евра (8.2 милијарди долари) помош во напорите за развивање на вакцината против Ковид-19 и лекување.
„Во овој поглед, особено важно е да се гарантира глобален пристап до вакцината која што ќе се развие и внимателно да се примени принципот дека никој не треба да биде изоставен“, изјави Реџеп Таип Ердоган на претходно снимена видео снимка прикажана на глобалниот Самит за одговор на Ковид-19 чиј домаќин беше ЕУ.
Ердоган изрази сочуство за оние кои ги загубија своите животи поради пандемијата и им посака брзо закрепнување на лицата што се лекуваат од Ковид-19.
„Турција до 23 мај ќе го објави финансискиот залог во глобалните напори за развој на вакцина против Ковид-19“, изјави Ердоган.
Тој исто така истакна дека пандемијата на Ковид-19 престанала да биде само здравствена криза и се претвори во уникатен глобален тест со политички, економски и социјални димензии.
Турскиот претседател исто така рече дека неговата земја досега испорачала медицинска помош на 57 држави низ целиот свет за да ја поддржат нивната борба против вирусот.
Ковид-19 се прошири во 200 земји и региони, откако за првпат беше забележан во кинескиот град Вухан минатата година. Во моментов САД и Европа се епицентри на заразата.
Пандемијата во светот досега зеде над 248.000 животи, додека бројот на дијагностицирани случаи со вирусот надмина 3.52 милиони, а повеќе од еден милион заболени оздравеа.