свет, Коронавирус

Грција: Втор мигрантски камп под карантин поради Ковид-19

Според соопштението на Министерството за миграција и азил на Грција, 53-годишниот мигрант со потекло од Авганистан во кампот Малакаса кој се наоѓа на 45 километри северно од Атина, бил заразен со Ковид-19, при што овој камп е ставен под карантин

Ayhan Mehmet  | 05.04.2020 - Обновена : 06.04.2020
Грција: Втор мигрантски камп под карантин поради Ковид-19 ( Foto: Ayhan Mehmet / Anadolu Agency )

АТИНА (АА) - Кампот Малакаса е вториот мигрантски камп во Грција, кој е ставен под карантин поради вирусот Ковид-19 (коронавирус), пренесува Агеција Анадолија (АА).

Според соопштението на Министерството за миграција и азил на Грција, 53-годишниот мигрант со потекло од Авганистан во кампот Малакаса кој се наоѓа на 45 километри северно од Атина, бил заразен со Ковид-19, при што овој камп е ставен под карантин.

Во соопштението се вели дека овој мигрант е пренесен во една болница во Атина за лекување, и дека ќе бидат тестирани лицата со кои имал контакт овој пациент.

„Како кампот Ричона, и овој камп ќе биде ставен под карантин во рок од 14 дена“, рече Министерот за миграција и азил, Нотис Митаракис, на една телевизиска програма.

Митаракис нагласи дека многу е тешко да се спроведуваат мерки во кампот, како ограничување на излезот од зоната каде се наоѓа кампот.

Инаку, кампот Рицона кој се наоѓа во близина на Атина, на 2 април беше ставен под карантин откако во него беа откриени 20 лица заразени со Ковид-19.

Во кампот се наоѓаат околу 2.800 мигранти, додека Ковид-19 е откриен и кај една жена со потекло од Африка која пред извесно време се породила.

Постои загриженост од ширење на вирусот во камповите на грчките острови каде илјадници мигранти се задржуваат под тешки услови.

Досега не е откриен Ковид-19 во мигрантските кампови на грчките острови.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın