Sinan Doğan,Muhammed Emin Canik
28 Јануари 2021•Ажурирај: 30 Јануари 2021
БОГОТА (АА) - Продолжува високата смртност предизвикана од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од заразувањето со Ковид-19, во последните 24 часа во Бразил починаа 1.283 лица, 1.623 во Мексико, 182 во Аргентина, 395 во Колумбија, 165 во Перу и 62 во Боливија.
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 1.283 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 220.161. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 63.520, со што вкупниот број позитивни на коронавирусот се зголеми на 8.996.786.
По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 7.877.337 лица што претходно биле позитивни на Ковид-19.
- Мексико -
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 1.623 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 17.944 новозаразени.
Во Мексико досега се регистрирани 153.639 смртни случаи, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот изнесува 1.806.849. Во оваа земја досега оздравеа 1.362.525 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 13. место според бројот на лица позитивни на Ковид-19 на листата што ја објавува интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина -
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 182 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 47.435. Во истиот период детектирани се 10.843 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.896.053.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.682.563 лица заразени со коронавирусот.
Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 12. место во светот.
- Колумбија -
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 395 лица, со што вкупниот број смртни случаи се зголеми на 52.523.
Во последните 24 часа детектирани се 13.953 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 2.055.305. Во оваа земја досега оздравеа 1.880.041 лице заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу -
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 165 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 3.404 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се искачи на 1.113.970, од кои починаа 40.272 лица, а оздравеа над 1.028.120 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Боливија -
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 62 смртни случаи предизвикани од Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 2.866.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 208.074, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 10.167. Досега оздравеа 154.377 лица позитивни на коронавирусот.