Ayhan Şimşek
04 Јануари 2022•Ажурирај: 05 Јануари 2022
БЕРЛИН
На неколку деца во северниот германски град Хановер им била дадена погрешна количина од вакцината против Ковид-19, информираа официјалните здравствени претставници, јавува Агенција Анадолија (АА).
На најмалку 21 дете по грешка им било дадена доза за возрасни од вакцината против Ковид-19 во центарот за вакцинација во зоолошката градина во Хановер, се вели во соопштението на градското одделение за здравство.
Марлен Граф, медицински специјалист од одделот, рече дека поголемата доза нема да има негативно влијание врз здравјето на децата, но дека може да доведе до несакани ефекти како што се болки во раката или треска.
Родителите на децата биле информирани преку електронска пошта и телефонски повици.
Штефен Крах, претседателот на регионот, се извини за грешката и рече дека ќе ги преземат сите мерки за да се осигурат дека грешката нема да се повтори.