свет, Коронавирус

Германија за првпат регистрира над 200.000 случаи на Ковид-19

Здравствените власти проценуваат дека во моментов над 1,6 милиони луѓе се заболени од Ковид-19, што е рекорд на сите времиња за земјата.

Ayhan Şimşek  | 27.01.2022 - Обновена : 28.01.2022
Германија за првпат регистрира над 200.000 случаи на Ковид-19

БЕРЛИН (АА) - Во Германија денеска е регистриран рекорден број на нови случаи на Ковид-19, при што за првпат од почетокот на пандемијата, бројот на заразени надмина 200.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Институтот „Роберт Кох“ (РКИ), агенција за контрола на болести во земјата, потврди 203.136 нови случаи на Ковид-19 во изминатите 24 часа и 188 смртни случаи како последица на вирусот.

Здравствените власти проценуваат дека во моментов над 1,6 милиони луѓе се заболени од Ковид-19, што е рекорд на сите времиња за земјата.

Од РКИ е соопштено дека за порастот на бројот на нови случаи на заразување е одговорна омикрон-варијантата која сега сочинува најмалку 89 отсто од последователните случаи на Ковид-19 во земјата.

Здравствените експерти проценуваат дека бројот на нови случаи на Ковид-19 веројатно ќе се зголемува во текот на наредните неколку недели и ќе го достигне врвот до средината на февруари.

Тие предупредуваат дека иако поголемиот дел од случаите на Омикрон досега биле со благи симптоми, варијантата брзо се шири и сè уште може да го оптовари здравствениот систем доколку бројот на случаи продолжи драстично да расте во наредните денови.

Германија е меѓу земјите најтешко погодени од пандемијата на Ковид-19 во Западна Европа и е на петтото највисоко ниво на пријавени случаи, по Франција, Велика Британија, Италија и Шпанија.

Земјата од 83 милиони има пријавено повеќе од 9,2 милиони случаи на заразување и речиси 118.000 смртни случаи од почетокот на пандемијата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.