Cüneyt Karadağ
02 Декември 2021•Ажурирај: 02 Декември 2021
БЕРЛИН
Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 73.209 нови случаи на коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Институтот „Роберт Кох“, вкупниот број случаи на Ковид-19 во земјата се зголеми на 5,9 милиони, а бројот на активни случаи, на 895.300.
Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 388 смртни случаи предизвикани од Ковид-19, со што вкупниот број на починати во оваа земја се зголеми на 102.178.
Бројот на новозаразени на 100.000 на неделно ниво изнесува 439,2.
Две дози од вакцината против Ковид-19 во Германија примиле 57,1 милион лица.