İdris Sülün
02 Декември 2021•Ажурирај: 03 Декември 2021
АНКАРА (АА) – Во „Волт Дизни“, една од најголемите компании за забава во светот, првпат е избрана жена за претседател на Управниот одбор во нејзината 98-годишна историја, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Сузан Арнолд, која 14 години беше членка на Управниот одбор на „Волт Дизни“, на крајот на оваа година ќе го замени Боб Игер, со што ќе стане првата жена претседател на компанијата стара 98 години“, соопшти „Би-би-си“ (BBC).
Арнолд, истакнувајќи дека влегува во својата нова улога, рече дека ќе продолжи да им служи на долгорочните интереси на акционерите на „Дизни“ и дека со нетрпение очекува тесна соработка со главниот извршен директор на компанијата (CEO), Боб Чапек.
Боб Игер, кој поднесе оставка од највисокото раководно место на „Дизни“ по 15 години, на крајот на овој месец го напушта и претседателството со Управниот одбор на компанијата.
Сузан Арнолд претходно беше на извршни позиции во глобалната инвестициска фирма „Карлајл“ и имаше високи позиции во некои од најголемите американски компании.