Erbil Başay
14 Ноември 2021•Ажурирај: 15 Ноември 2021
БЕРЛИН (АА) - Бројот на заразени со коронавирусот во Германија надмина пет милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според Институтот „Роберт Кох“, бројот на случаи на Ковид-19 во земјата пораснал за 33.498 во последните 24 часа. Така, вкупниот број на случаи е зголемен на 5.021.469.
Со 55 смртни случаи од Ковид-19 во последните 24 часа, вкупниот број на починати се искачи на 97.672.
Во кампањата за вакцинација, првата доза од вакцината против Ковид-19 ја примија 70 отсто од населението, а втората доза 67,5 отсто.
Во четвртиот бран на епидемијата во Германија, бројот на дневни случаи достигна рекордно ниво.
Така, на 11 ноември регистрирани се 50.196 новозаразени, што е најголем број дневни случаи од почетокот на епидемијата.
Германската канцеларка Ангела Меркел в четврток, 18 ноември, ќе се состане со премиерите на покраините за да разговара за ситуацијата со епидемијата и чекорите што треба да се преземат.