свет, Коронавирус

Генералниот директор на СЗО: „Случаите со Ковид-19 опаѓаат веќе пет недели“

„Сега е важно како ќе реагираме на овој тренд. Пожарот не е изгаснат, но намалена е неговата големина. Ако на некој фронт престанеме да се бориме против вирусот, тој повторно ќе се врати“

Emel Gözellik  | 16.02.2021 - Обновена : 17.02.2021
Генералниот директор на СЗО: „Случаите со Ковид-19 опаѓаат веќе пет недели“

АНКАРА (АА) - Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гербрејесус, соопшти дека случаите на новиот вид коронавирус (Ковид-19) опаѓаат веќе пет недели, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Гербрејесус на неговиот профил на социјалната мрежа Твитер се осврна на бројот на случаи со Ковид-19.

Истакнувајќи дека бројот на случаи низ светот се намалува веќе пет последователни недели, Гербрејесус рече:

„Бројот на пријавени случаи неделно е намален. Во неделата што започна од 4 јануари, бројот на случаите изнесуваше повеќе од 5 милиони, во неделата што започна на 8 февруари бројот е 2,6 милиони случаи. Односно намален е за скоро половина за само 5 недели.“

Посочувајќи дека овие бројки покажуваат дека едноставните мерки за јавно здравје се ефикасни во борбата против Ковид-19 и кога има различни варијанти од вирусот, Гербрејесус нагласи: „Сега е важно како ќе реагираме на овој тренд. Пожарот не е изгаснат, но намалена е неговата големина. Ако на некој фронт престанеме да се бориме против вирусот, тој повторно ќе се врати.“


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.