Tufan Aktaş
31 Март 2020•Ажурирај: 31 Март 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Здравствените работници во Јужна Африка се подготвуваат да одат од врата до врата со цел да ги детектираат лицата што го носат новиот вид коронавирус Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот Сирил Рамафоса во своето обраќање до нацијата најави дека 10 илјади здравствени работници ќе ги посетуваат домовите и ќе ги идентификуваат оние што покажуваат знаци на болеста, како дел од борбата против вирусот.
Рамафоса исто така рече дека оние со лесни симптоми ќе останат дома, а оние со средни и тешки симптоми ќе бидат преместени во клиниките и во болниците.
Посочувајќи дека програмата е нова фаза во рамките на мерките преземени против болеста, Рамафоса наведе дека Владата развила и технологија за да ги пронајде оние што доаѓаат во контакт со заразени лица.
Јужна Африка со вкупно 1.326 случаи е најпогодена земја од Ковид-19 во Африка.
Бројот на смртни случаи предизвикани од вирусот во земјата е 3. Во земјата на сила е полициски час.