Fırat Taşdemir
02 Април 2021•Ажурирај: 03 Април 2021
АНКАРА (АА) - Денеска во Анкара, главниот град на Турција, администрирани се првите дози на вакцината на „Фајзер“/„БајоНТех“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турција досега прими 2,8 милиони дози од вакцината, што ја развија втора генерација турски имигранти во Германија.
„Предвидено е да се достигне до 4,5 милиони вакцини во наредните недели“, изјави турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, пред новинарите во Парламентот во вторникот.
Луѓето кои имаа закажано за вакцинирање во Градската болница во Анкара денеска беа прашани која вакцина ја претпочитаат, вакцината на „Фајзер“/„БајоНТех“ или кинеската „КоронаВак“.
Нема пријавени несакани ефекти од лицата кои се одлучија за вакцината на „Фајзер“/„БајоНТех“.
Адем Озсој, еден од вакцинираните граѓани, рече дека е среќен што ја примил првата доза од вакцината.
Шенол Булџан, друг граѓанин, пак, ги повика луѓето да се пријават за вакцинација и рече дека со нетрпение очекува да го види крајот на пандемијата.
Граѓаните на Турција можат да закажуваат термини за вакцинација преку телефон, преку интернет и преку мобилна апликација.