Büşra Nur Çakmak
17 Август 2021•Ажурирај: 18 Август 2021
АНКАРА (АА) - Во Турција досега се администрирани над 85 милиони дози од вакцините против Ковид-19, од почетокот на масовната кампања за имунизација во јануари, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според Министерството за здравство, над 44,54 милиони луѓе ја имаат примено првата доза, а повеќе од 33,58 милиони сега се целосно вакцинирани.
Турција, исто така, аплицира и трета доза на над 6,81 милион лица.
Податоците покажуваат дека 71,46 отсто од возрасната популација во земјата примила барем една доза од вакцините што се аплицираат во две дози.
Турција во понеделникот ја прошири својата интензивна кампања за вакцинација и ги вклучи тинејџерите на возраст од 15 и повеќе, како и децата со навршени најмалку 12 години кои имаат хронични заболувања.
Министерството за здравство соопшти дека сега здравствените работници и другите приоритетни групи можат да примат четврта доза од вакцините.
Лицата што се заразени со Ковид-19 ќе имаат право на вакцинација еден месец по закрепнувањето, за разлика од претходниот период од три месеци.