Stipe Majic
19 Октомври 2020•Ажурирај: 20 Октомври 2020
ЗАГРЕБ (АА) - Поради зголемениот број заразени со Ковид-19, Владата на Словенија денес прогласи вонредна состојба што ќе биде на сила во наредниот месец низ целата земја, јавува Агенција Анадолија (АА).
Со оглед на тоа што дневниот број на заразени со коронавирусот во последните денови на подрачјето на целата земја достигна рекорд од речиси 900 случаи и се предвидува пораст на заразените во наредниот период на подрачјето на целата држава, Владата на Словенија прогласи 30-дневна вонредна состојба поради епидемијата со можност за додатно зајакнување на епидемиолошките мерки.
Во Словенија на тестирањата се покажа дека Ковид-19 е присутен кај секој петти граѓанин, поради што словенечката Влада од денес активираше вонредна состојба, што ќе може додатно да се зајакнува со додатни мерки во три брана.
Доколку бројот на заразените од Ковид-19 расте прогресивно, Словенија додатно ќе воведе полициски час, односно забрана за движење во вечерните часови, по пример на актуелните мерки на некои европски земји. Следниот чекор би можело да биде затворање на трговските центри, салони, теретани, кафулиња и ресторани и забрана на спортски активности и натпревари.
Доколку бројот на лицата во словенечките болници биде и понатаму висок, Владата на премиерот Јанез Јанша како крајна мерка ќе ги активира и затворањето на училиштата, градинките, запирањето на јавниот превоз и делови од економијата.
Словенија во петокот забележа рекорд од 897 позитивни на Ковид-19, а состојбата со новозаразените во соседните држави исто така ескалира.