Büşra Selvi Öğütcen
19 Октомври 2020•Ажурирај: 20 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - Во Индија, во последните 24 часа од новиот вид коронавирус (Ковид-19) починаа уште 579 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за здравство на Индија.
Се истакнува дека во последните 24 часа како последица на овој вирус починале 579 лица, што е најмала бројка на починати регистрирана во последните 3 месеци.
Со ова, вкупниот број на починати од Ковид-19 во Индија се зголеми на 114.610.
Откриени се уште 55.722 нови случаи на вирусот, со што вкупната бројка на откриени случаи во оваа земја порасна на 7.550.273.
Во Индија од Ковид-19 досега оздравеа 6.663.608 лица.
Според веб-страницата „Worldometer“, каде што се собираат податоците за Ковид-19, Индија е втора земја во светот според бројот на случаи.