свет, Коронавирус

Во светот од Ковид-19 се заразени над 700 илјади лица

На врвот на листата на земјите каде се откриени најмногу случаи се наоѓаат САД со 131.403 случаи, а по нив следат следат Италија со 97.689 случаи и Кина со 81.439 случаи

Muhammet Nazım Taşcı  | 29.03.2020 - Обновена : 30.03.2020
Во светот од Ковид-19 се заразени над 700 илјади лица

АНКАРА (АА) - Бројката на откриени случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) ширум светот надмина 700.000 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според информацијата објавена на интернет страницата „Worldometer“, во светот вкупно биле откриени 702.348 случаи на Ковид-19.

На врвот на листата на земјите каде се откриени најмногу случаи се наоѓаат САД со 131.403 случаи, а по нив следат следат Италија со 97.689 случаи и Кина со 81.439 случаи.

Во продолжението на оваа листа се наоѓа Шпанија со 78.799 случаи, Германија со 60.659 случаи, Иран со 38.309 случаи, Франција со 37.575 случаи, Велика Британија со 19.552 случаи, Швајцарија со 14.829 случаи, Холандија со 10.866 случаи, и Белгија со 10.836 случаи.

Ова се земјите во кои бројката на откриени случаи на коронавирусот надмина 10.000.

Коронавирусот се појави во декември 2019 година во кинескиот град Вухан, а потоа се рашири во околу 200 земји и региони, поради што СЗО прогласи пандемија.

Како резултат на Ковид-19, во светот починаа 33.178 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.