Büşra Selvi Öğütcen
14 Септември 2020•Ажурирај: 15 Септември 2020
АНКАРА (АА) – Во светот досега од новиот тип коронавирус, Ковид-19, оздравеа повеќе од 21 милион лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, од Ковид-19 во светот досега оздравеа вкупно 21.031.016 лица.
Најмногу оздравени лица има во Соединетите Американски Држави (САД) и тоа 3.974.949, потоа следува Индија со 3.780.107 оздравени, Бразил со 3.573.958, Русија со 876.225 и Колумбија со 599.385 оздравени.
Во Турција досега оздравени се 258.833 пациенти.
Во светот од почетокот на епидемијата регистрирани се 29.185.779 случаи на Ковид-19, а како последица на вирусот починаа 928.287 лица.
Коронавирусот кон крајот на минатата година за првпат се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗ0) на 11 март оваа година прогласи глобална пандемија на Ковид-19.