Emre Aytekin
15 Април 2020•Ажурирај: 16 Април 2020
АНКАРА (АА) – Бројот на луѓе во светот кои починаа од новиот вид коронавирус, Ковид-19, ја надмина бројката од 130 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веб-страницата „Worldometer“, каде се презентирани тековни податоци за Ковид-19 за целиот свет, бројката на починати лица се зголеми на 130.712, а вкупната бројка на заразени од коронавирусот на 2.035.294.
Најголем број починати од Ковид-19 досега се забележани во САД, вкупно 27.086 лица.
По САД следува Италија со 21.645 починати, Шпанија со 18.579, Франција со 15.779, Велика Британија со 12.868, Иран со 4.777, Белгија со 4.440 и Германија со 3.592 починати.
Во Кина, каде се појави епидемијата, досега има 3.342 починати лица.
Други земји со над 1000 смртни случаи се: Холандија (3.134), Бразил (1.590), Турција (1.403) и Швајцарија (1.226).
Ковид-19, кој за првпат се појави во декември 2019 година во кинескиот град Вухан, се рашири во над 200 земји и региони.
Од вирусот се излекуваа вкупно 503.386 лица.