Emre Aytekin
07 Октомври 2020•Ажурирај: 08 Октомври 2020
АНКАРА
На светско ниво, бројката на лица позитивни на Ковид-19 надмина 36 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците објавени на интернет-сајтот „Worldometer“, што секојдневно ги ажурира информациите поврзани со пандемијата на новиот тип коронавирус во земјите од светот, досега позитивни на Ковид-19 се 34.052.573 лица.
Земја со најголем број лица кај кои е детектиран коронавирусот се САД со 7.723.721 заразен.
Првите 10 земји во светот со најголем број лица кај кои е детектиран Ковид-19 по САД се:
Индија (6.757.131), Бразил (4.970.953), Русија (1.237.504), Колумбија (869.808), Шпанија (865.631), Перу (832.929), Аргентина (824.468), Мексико (794.608) и Јужноафриканска Република (683.242).
Во Турција регистрирани се 327.557 лица заразени со коронавирусот.
Од почетокот на епидемијата досега во светот починаа 1.054.710 лица, а оздравеа 27.155.683 лица. Бројот на активни случаи на Ковид-19 изнесува 7.842.180.
Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март годинава прогласи глобална пандемија на Ковид-19.