İdris Sülün
29 Јули 2021•Ажурирај: 30 Јули 2021
АНКАРА (АА) - Во светот досега се аплицирани над 4 милијарди дози од вакцините против Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Податоците објавени на страницата „Ourworldindata.org“ покажуваат дека во Кина се дадени над 1,6 милијарди дози, најмногу во светот.
Следуваат Индија (450,71 милион), САД (343,36 милиони), Бразил (137,88 милиони), Германија (91 милион), Велика Британија (84,3 милиони), Јапонија (82,59 милиони), Турција (70,52 милиони), Франција (69,69 милиони) и Италија (67 милиони).
Турција е осма земја во светот по аплицирани дози.
Податоците од турското Министерство за здравство покажуваат дека досега во Турција се дадени 70.525.656 дози вакцини. Првата доза е дадена на 40.352.511 лица, а втората доза на 25.619.301 лице.
Поголемиот дел од вакцините против Ковид-19 се даваат во две дози, така што бројот на вакцини не е еднаков со бројот на лица кои се целосно вакцинирани.
Податоците од веб-страницата „Worldometers“ покажуваат дека во светот со коронавирусот заразени се над 196,78 милиони луѓе, а како последица на вирусот досега регистрирани се над 4,2 милиони починати.