Sümeyye Dilara Dinçer
16 Јули 2021•Ажурирај: 17 Јули 2021
АНКАРА (АА) - Во светот досега се аплицирани повеќе од 3,57 милијарди дози од вакцините против коронавирусот, покажаа денешните податоци од веб-сајтот за следење на вакцинацијата во светот „Our World in Data“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кина е на прво место во светот со 1,43 милијарди дадени дози, а потоа следува Индија со 395,34 милиони.
Соединетите Американски Држави (САД) имаат администрирано 336,05 милиони дози, Бразил 120,73 милион, Велика Британија 81,44 милиони, Германија 84,99 милиони, Јапонија 66,71 милиони Франција 62,32 милиони дози вакцини против Ковид-19.
Турција е на деветто место со над 61,81 милион аплицирани дози, а по неа следуваат Италија, Индонезија и Мексико.
Земја со најмногу употребени дози според бројот на населението се Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) со 163,74 дози на 100 жители.
По ОАЕ, земји со најмногу администрирани дози на 100 жители се Малта со 162,71 милиони дози, Сејшелите со 141,98, Сан Марино со 132,74, Бахреин со 130,76, Израел со 126,62, Чиле со 126,85, Велика Британија со 119,96, Монголија со 119,36, Исланд со 136,68, Уругвај со 128,35, Катар со 120,61, и Канада со 117,36 милиони дози.
Повеќето вакцини против Ковид-19 се даваат во две дози, така што бројот на дадени дози не е ист со бројот на целосно вакцинираните лица.
Според американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, од декември 2019 година пандемијата зела над 4 милиони животи во 192 земји и региони во светот, а регистрирани се 189,04 милиони случаи на Ковид-19.