Elena Teslova
29 Октомври 2021•Ажурирај: 30 Октомври 2021
МОСКВА (АА) - Во Русија со 1.163 смртни случаи поради Ковид-19 е регистрирана највисока бројка на починати во последните 24 часа на дневно ниво од почетокот на епидемијата на новиот тип коронавирус, со што вкупниот број на починати се зголеми на 236.220, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во текот на последните 24 часа се регистрирани 39.849 позитивни случаи на коронавирусот, при што вкупната бројка на заразени од почетокот на пандемијата во земјата изнесува 8,43 милиони“, наведува руската Работна група за итни случаи во дневниот извештај.
Бројот на оздравени се зголеми за 30.462 во текот на изминатите 24 часа и достигна 7,3 милиони.
Во однос на колективниот имунитет во Русија, речиси 46,8 отсто од населението може да се смета дека има имунитет, што е три четвртини од бројката потребна за да се запре преносот на вирусот.
Според властите, заклучно со последните денешни податоци, над 50,9 милиони луѓе во Русија се целосно вакцинирани, а над 56,78 милиони ги примиле првите дози.
Според американскиот Универзитет „Џон Хопкинс“, пандемијата од декември 2019 година однесе повеќе од 4,98 милиони животи во 192 земји и региони, со над 245,6 милиони случаи пријавени низ светот.