свет, Коронавирус

Во Русија дневно речиси 100.000 новозаразени со коронавирусот

Според соопштението на рускиот Центар за контрола и превенција на инфекции со коронавирус, во изминатите 24 часа, како последица од вирусот починале 673 лица, со што вкупниот број е зголемен на 329.443 лица

Dmitri Chirciu  | 28.01.2022 - Обновена : 29.01.2022
Во Русија дневно речиси 100.000 новозаразени со коронавирусот

МОСКВА (АА) - Во изминатите 24 часа во Русија се регистрирани 98.040 заразени со коронавирусот, што е најголемиот број на дневно ниво од почетокот на пандемијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на рускиот Центар за контрола и превенција на инфекции со коронавирус, во изминатите 24 часа, како последица од вирусот починале 673 лица, со што вкупниот број е зголемен на 329.443 лица.

Во истиот период оздравеа околу 29.506 лица, со што вкупниот број е зголемен на 10.159.197.

Во главниот град Москва бројот на заболени во последните 24 часа порасна за 23.994 и достигна 2.283.416.

Како последица на вирусот починаа уште 74 лица, вкупно 38.734.

Во Русија, во која на почетокот на 2021 година започна масовниот процес на вакцинација против Ковид-19, прва доза на вакцината примија околу 83,6 милиони луѓе, додека целосно се вакцинирани околу 79,2 милиони луѓе.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın