Muhammet Kurşun
28 Јануари 2022•Ажурирај: 31 Јануари 2022
ТЕХЕРАН
Иранскиот министер за надворешни работи, Хосеин Амир-Абдолахиан, изјави дека САД и западните земји би требало да преземат чекори потребни за траен договор за нуклеарна програма, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за надворешни работи се наведува дека Абдолахиан извршил телефонски разговор со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Се наведува дека двајцата разговарале за преговорите за нуклеарната програма одржани во Виена, главниот град на Австрија, случувањата во Авганистан и војната во Јемен.
Абдолахиан рече дека преговарачкиот процес во Виена напредува позитивно и дека „Иран е сериозен за постигнување добар договор што е можно поскоро“.
Шефот на иранската дипломатија изјави дека за траен и сигурен договор, САД и западните земји треба да преземат конкретни и практични чекори.
Абдолахиан, исто така, повтори дека Иран поддржува политичко решение за војната во Јемен и го повика генералниот секретар на ОН да одигра посилна улога во ова прашање.
Гутереш рече дека ги поддржува политичките разговори за решавање на проблемите во Јемен.
Челникот на ОН рече и дека го поздравуваат позитивниот развој на преговорите за нуклеарната програма и дека ОН со сите средства поддржуваат договор за нуклеарна програма и глобалниот мир.