Safiye Karabacak
25 Август 2020•Ажурирај: 30 Август 2020
ГАЗА (АА) – Во Појасот Газа прогласен е 48-часовен полициски час во рамките на мерките преземени против ширењето на вирусот Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Директорот на Канцеларијата за врски на Владата во Газа, Селаме Маруф, на прес-конференција истакна дека откако Ковид-19 е откриен кај четири лица од исто семејство, надвор од центрите за карантин донесена е одлука за воведување 48-часовен полициски час.
„За заштита на нивното здравје и безбедноста во заедницата бараме нашите граѓани да не ги напуштаат своите домови 48 часа, сè додека не се издадат нови упатства“, рече Маруф.
Забележувајќи дека за првпат е откриен случај надвор од центрите за карантин, Маруф изјави дека во бегалскиот камп „Ел Мегази“ кај 4 лица од исто семејство е откриен коронавирусот.
„48-часовниот полициски час ќе се спроведе во сите градови во Газа, вклучително и јавни и приватни работни места, образовни институции, џамии, ресторани за свадби и клубови“, нагласи Маруф.
Според податоците на Министерството, вкупниот број случаи на Ковид-19 е зголемен на 113, а оздравени се 72 пациенти.