Ali Cura
07 Јуни 2020•Ажурирај: 07 Јуни 2020
МОСКВА (АА) – Во Русија се дијагностицирани над 467.673 лица позитивни на новиот тип коронавирус, Ковид-19, а починаа 5.859 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Центарот за контрола и превенции на инфекциите од коронавирусот во Русија соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 134 лица, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 5.857.
Во земјата во последните 24 часа Ковид-19 е евидентиран кај 8.984 лица, со што вкупната бројка се искачи на 467.673.
Бројот на оздравени лица од Ковид-19 се искачи на 226.731, со зголемување од 5.343 лица во текот на последното деноноќие.
Центарот информира дека зголемувањето на бројот на детектирани лица позитивни на вирусот на дневно ниво изнесува 2 проценти, при што кај 38,5 отсто од новодетектираните не се забележани симптоми.
Во последните 24 часа во Москва детектирани се 1.956 лица позитивни на тестот за коронавирус, со што вкупниот број на заразени во главниот град се зголеми на 195.017.
Во истиот период регистрирани се нови 55 смртни случаи, со што вкупниот број на починати во Москва се искачи на 2.919.
Службата за заштита на човековото здравје и правата на потрошувачите во Русија објави дека вкупниот број на тестирања за Ковид-19 во земјата се искачил на 12.700.000.
Во соопштението исто така се наведува дека 318.846 лица се наоѓаат под надзор.