Nuri Aydın,Zuhal Demirci
15 Август 2020•Ажурирај: 16 Август 2020
АНКАРА (АА) - Со новиот вид коронавирус, Ковид-19, во светот заразени се повеќе од 21,35 милиони луѓе, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Податоците на „Worldometer“, интернет страницата на која се достапни информациите за епидемиолошката ситуација, покажуваат дека како последица на вирусот починаа 763.387 лица.
Бројот на заразени надмина 21.357.890, додека оздравени се 14.151.766 лица.
Моментално активни се 6.442.737 случаи на коронавирусот.
Во Соединетите Американски Држави (САД), кои се епицентар на вирусот во светот, заразени се 5.476.266 лица и 171.535 смртни случаи поврзани со Ковид-19.
Земји со повеќе од 100.000 заразени се Бразил (3.278.895), Индија (2.527.308), Русија (912.823), Јужноафриканска Република (579.140), Перу (516,296), Мексико (511,369), Колумбија (445,111), Чиле (382.111), Шпанија (358.843), Иран (338.825), Велика Британија (316.367), Саудиска Арабија (295.902), Пакистан (288.047), Аргентина (282.437), Бангладеш (271.881), Италија (252.809), Турција (246.861), Германија (223.774), Франција (212.011), Ирак (168.290), Филипини (153.660), Индонезија (135.123), Канада (121.652), Катар (114.532) и Казахстан (102.287).
Земји, покрај САД, со над 5.000 смртни случаи од Ковид-19 се: Бразил (106.571), Мексико (55.908), Индија (49.148), Велика Британија (41.358), Италија (35.234) и Франција (30.406), Шпанија (28.617), Перу (25.856), Иран (19.331), Русија (15.498), Колумбија (14.492), Јужноафриканска Република (11.556), Чиле (10.340), Белгија (9.924), Германија (9.289), Канада (9.020), Холандија (6.167), Пакистан (6.162), Еквадор (6.030), Индонезија (6.021), Турција (5.934), Шведска (5.783), Ирак (5.709), Аргентина (5.527) и Египет (5.124).