Mücahit Oktay
25 Август 2020•Ажурирај: 26 Август 2020
ЊУЈОРК (АА) - Најмалку седум лица го загубија животот, а повеќе од 100.000 се принудени да ги напуштат своите домови во американската сојузна држава Калифорнија, која од минатата недела е погодена од пожари, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Во соопштението од противпожарната служба е потврдено дека во пожарите загинале најмалку седум лица, и дека пожарот проголтал шума со површина од 1.200 квадратни километри.
Пожарот, кој моментно зафаќа околу 700 квадратни километри површина, е предизвикан од удар на гром, и е еден од најголемите пожари во историјата на оваа сојузна држава.
Наведено е дека во некои делови од државата многу училишта и паркови се затворени поради тоа што моменталните временски услови се погодни за ширење на пожарот, а десетици илјади луѓе кои ги изгубија своите домови, поради пандемијата на Ковид-19 не се во можност да се засолнат кај роднини или пријатели.