Şenhan Bolelli
27 Април 2020•Ажурирај: 28 Април 2020
МАДРИД (АА) - Бројот на починати од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Шпанија е зголемен за 331 во последните 24 часа, со што вкупниот број на смртни случаи се искачи на 23.521, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство го ажурираше бројот на починати и дијагностицирани случаи на Ковид-19.
Во Шпанија, во последните 24 часа од коронавирусот починаа 331 лице, додека бројот на починати за претходното деноноќие изнесуваше 288. Според Министерството, вкупната бројка на починати се зголеми на 23.521.
Вкупниот број на дијагностицирани случаи со коронавирусот во Шпанија е зголемен на 209.465.
Од друга страна, во последните 24 часа излекувани се 2.143 пациенти, со што вкупната бројка на лица кои го победија вирусот се зголеми на 100.875.
Шпанија во моментов е втора земја според бројот на излекувани пациенти, по Соединетите Американски Држави (САД), каде што има 107.045 излекувани.
Во Шпанија, Владата постепено почна да ја ублажува вонредната состојба која започна на 14 март и беше продолжена до 9 мај. Од вчера, под услов да бидат придружувани од еден член на семејството, децата под 14-годишна возраст можат да излегуваат надвор 1 час на оддалеченост од околу 1 километар од својот дом.
Од друга страна, шпанскиот премиер Педро Санчез најави дека од 2 мај се планира да се дозволи спортување на отворено во времетраење од 1 час.
Шпанија, каде што бројот на смртни случаи од Ковид-19 се намалува, презема нови мерки за зајакнување на здравствениот систем против евентуален втор бран на пандемијата по олабавување на мерките.