Ali H. M. Abo Rezeg
25 Март 2020•Ажурирај: 25 Март 2020
АНКАРА
Иранските здравствени власти денес објавија дека вкупно 143 лица починале како последица на коронавирусот во текот на изминатите 24 часа, со што вкупната бројка на смртни случаи изнесува 2.077, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на иранската Влада, Али Рабиеи, во телевизиска изјава рече дека претседателот Хасан Рохани презел нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, вклучувајќи и меѓународни и меѓуградски забрани за патување.
Вирусот што за првпат се појави во Вухан, Кина, во декември минатата година, се прошири во најмалку 170 земји и региони низ светот, додека бројот на детектирани случаи на заразени со новиот тип коронавирус изнесува 423.121. Од последиците предизвикани од овој вирус починаа над 19.000, а речиси 108.629 се излекувани.