Fuat Kabakcı
15 Април 2020•Ажурирај: 15 Април 2020
ПЕКИНГ
Националната здравствена комисија на Кина соопшти дека во текот на изминатите 24 часа во таа земја починало уште едно лица од последиците на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека е потврдено заразување кај уште 46 лица, од кои 36 заразени се лица пристигнати од странство, додека 10 случаи на заразување се регистрирани кај луѓе во земјата.
Од болницата во Кина утринава се отпуштени 78 излекувани лица, додека 1.058 се наоѓаат под надзор. Според последните податоци, во Кина со Ковид-19 заразени се вкупно 82.295 лица, додека 77.816 се излекувани.
Бројот на починатите од последиците на Ковид-19 во Кина се зголеми на 3.342, додека сѐ уште се лекуваат 137 заразени, од кои 113 во критична состојба.
Досега заразувањето е потврдено кај 1.500 лица кои допатувале од странство, од кои 596 се излекувале, додека не е забележан ниту еден смртен случај меѓу лицата кои пристигнале од странство.
Во локалните медиуми се наведува дека Кина ги зголемила контролите на границата со Русија за да го спречи т.н. „увоз“ на нови случаи на заразување.