Gamze Türkoğlu Oğuz
30 Мај 2020•Ажурирај: 30 Мај 2020
АНКАРА (АА) – Во Кина, во изминатите 24 часа откриени се 4 нови случаи на новиот вид коронавирус, Ковид-19, додека во Јужна Кореја 39, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кинеските власти истакнаа дека во земјата во последните 24 часа се регистрирани 4 нови случаи со вирусот и дека сите се откриени кај кинески државјани кои допатувале од странство.
Смртни случаи во изминатите 24 часа не се регистрирани.
Се наведува дека во Кина од Ковид-19 се лекуваат 63 пациенти.
Во соопштението на Центарот за контрола и превенција на болести во Јужна Кореја се истакнува дека во последните 24 часа се идентификувани 39 нови случаи Ковид-19, претежно во Сеул.
Наведено е дека бројот на заразени од Ковид-19 во земјата е зголемен на 11.441. Во Јужна Кореја од коронавирусот починаа 269 лица.