Emre Aytekin
30 Мај 2020•Ажурирај: 30 Мај 2020
ЊУЈОРК (АА) - Бројот на активни случаи на коронавирусот, Ковид-19, во светот надмина три милиони, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Податоците од веб-страницата „Worldometer“, на која се достапни најновите податоци во врска со епидемиолошката состојба во светот предизвикана од коронавирусот, покажуваат дека моментално од коронавирусот во светот се лекуваат вкупно 3.278.000 луѓе.
Од тој број, 2.946.550 имаат само благи симптоми, а 53.728 лица се наоѓаат во животна опасност.
Најголем број активни случаи се регистрирани во Соединетите Американски Држави (САД), вкупно 1.168.931, а потоа следуваат Бразил со 245.096, Русија 223.992, Франција 90.318 и Индија 85.884.
Новиот тип коронавирус што избувна во Кина за многу краток временски период се прошири во над 200 земји низ целиот свет.
Бројот на заразени со коронавирусот Ковид-19 во светот надмина шест милиони, а починаа над 360.000 луѓе.