Zehra Ulucak
08 Јуни 2020•Ажурирај: 08 Јуни 2020
АНКАРА (АА) – Во Кина, во изминатите 24 часа откриени се 4 нови случаи на новиот вид коронавирус, Ковид-19, додека во Јужна Кореја дијагностицирани се 38 нови случаи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кинеската Национална комисија за здравство истакна дека во земјата во последните 24 часа се регистрирани 4 нови случаи на вирусот. Смртни случаи не се евидентирани.
Во соопштението се нагласува дека вкупниот број на потврдени случаи во земјата е зголемен на 83.040.
Во Кина, каде што училиштата почнаа постепено со наставата, а економијата во голема мера почна да заживува, досега од Ковид-19 починаа 4.634 лица, а се излекуваа вкупно 78.341 лице.
Од Центарот за контрола и превенција на болести во Јужна Кореја соопштија дека во последните 24 часа се идентификувани 38 нови случаи на Ковид-19, повеќето во Сеул.
Од Центарот е истакнато дека бројот на заразени со Ковид-19 во земјата е зголемен на 11.814, а од коронавирусот починаа 273 лица.
Во земјата Ковид-19 го победија 10.563 лица. Бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 978.