Muhammet Kurşun
04 Февруари 2021•Ажурирај: 05 Февруари 2021
ТЕХЕРАН (АА) - Во Иран бројот на починати како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 58.356, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, соопшти дека во последните 24 часа од последици предизвикани од вирусот починале уште 67 лица.
Лари нагласи дека со ова, вкупниот број на починати од вирусот во Иран пораснал на 58.356.
Таа информира дека во земјата се дијагностицирани уште 7.040 случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на детектирани случаи во земјата е зголемена на 1.445.326.
Според Лари, 3.825 заразени лица се наоѓаат во тешка состојба, а оздравеле 1.235.581 лице.
Таа нагласи дека во Иран досега се направени 9.504.930 тестирања за Ковид-19.