Muhammet Kurşun
16 Октомври 2020•Ажурирај: 17 Октомври 2020
ТЕХЕРАН (АА) – Во Иран, бројот на починати како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19), се зголеми на 29.870, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, во изјавата за државната телевизија истакна дека во последните 24 часа од последиците предизвикани од Ковид-19 починале уште 265 лица.
Лари нагласи дека со ова, вкупниот број на починати од овој вирус во Иран пораснал на 29.870.
Таа информира дека во земјата се дијагностицирани уште 4.552 случаи на лица заразени со овој вирус, со што вкупната бројка на детектирани случаи во земјата се зголеми на 522.387.
Според Лари, 4.684 заразени лица се наоѓаат во тешка состојба, а оздравеле 420.910 лица.
Портпаролката Лари нагласи дека во Иран досега се направени 4.454.570 тестирања за Ковид-19.