Bilal Güler
03 Април 2021•Ажурирај: 04 Април 2021
ТЕХЕРАН (АА) - Во Иран бројот на починати како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 62.999, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, соопшти дека во последните 24 часа од последици предизвикани од вирусот починале уште 123 лица.
Лари нагласи дека со тоа, вкупниот број на починати од вирусот во Иран пораснал на 62.999.
Таа информира дека во земјата се дијагностицирани уште 11.420 случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на детектирани случаи во земјата е зголемена на 1.920.394.
Според Лари, 4.024 заразени лица се наоѓаат во интензивна нега, а оздравеле 1.642.418 лица.
Таа нагласи дека во Иран досега се направени 13.038.709 тестирања за Ковид-19.