Muhammet Kurşun
15 Септември 2020•Ажурирај: 15 Септември 2020
АНКАРА
Во Иран, бројот на починати како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 23.453, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, истакна дека во последните 24 часа како последица на Ковид-19 починале уште 140 лица.
Таа, исто така, информираше дека во земјата во последното деноноќие се евидентирани уште 2.705 случаи на заразени со овој вирус, со што вкупната бројка на детектирани случаи се зголеми на 407.353.
Според Лари, 3.811 заразени лица се наоѓаат во тешка состојба, а досега од вирусот оздравеле 349.984 лица.
Портпаролката нагласи дека во земјата досега се направени 3.613.891 тестирање за Ковид-19.