Nuri Aydın
20 Октомври 2020•Ажурирај: 21 Октомври 2020
АНКАРА
Во Индија, во последните 24 часа од новиот вид коронавирус (Ковид-19) починаа уште 587 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за здравство на Индија.
Се истакнува дека во последните 24 часа како последица на овој вирус починале 587 лица.
Со ова, вкупниот број на починати од Ковид-19 во Индија се зголеми на 115.197.
Откриени се уште 46.790 нови случаи на вирусот, со што вкупната бројка на откриени случаи во оваа земја порасна на 7.597.063.
Во Индија од Ковид-19 досега оздравеа 6.733.328 лица.
Според веб-страницата „Worldometer“, која објавува податоци во врска со пандемијата на Ковид-19 воземјите од светот, Индија е втора земја во светот според бројот на лица позитивни на коронавирусот.