Emre Aytekin
12 Јуни 2020•Ажурирај: 12 Јуни 2020
АНКАРА
Во последните 24 часа во Индија се регистрирани 10.956 новозаразени со Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како што наведува порталот „Тајмс оф Индија“ (Times of India), Министерството за здравство на Индија објави дека во последните 24 часа во таа земја биле забележани и 396 смртни случаи поврзани од Ковид-19.
Со ова вкупниот број на случаи на заразување достигна 297.535, а бројот на починати, 8.498.
Според „Worldometer“, Индија во моментов е четврта земја во светот во однос на бројот на заразени со коронавирусот.
Светската здравствена организација (СЗО), на 11 март, поради ширењето на Ковид-19 прогласи глобална пандемија. Исто така, СЗО, освен Европа, епицентар на пандемијата на Ковид-19, кој за првпат се појави кон крајот на минатата година во кинескиот град Вухан, ги прогласи и САД и Јужна Америка.