Erbil Başay
27 Јули 2020•Ажурирај: 28 Јули 2020
БЕРЛИН
За да се спречи ширењето на Ковид-19 во Германија, тестирањето на Ковид-19 ќе биде задолжително за граѓаните кои се враќаат од одмор од ризични подрачја, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Германскиот министер за здравство Јенс Спан изјави дека ќе даде наредба за задожително тестирање на лицата кои се враќаат во земјата од одмори од ризични подрачја.
Наведувајќи дека е потребно да се спречат лицата кои биле на одмор ненамерно да ги зарзат другите граѓани и да направат ланец на нови заразувања, Спан изјави дека тестовите ќе бидат бесплатни.
Локалните медиуми наведуваат дека оваа мерка би требало да стапи на сила веќе наредната недела.
Институтот „Роберт Кох“, одговорен за борбата против епидемијата во земјата, смета дека во категоријата 130 ризични земји меѓу останатите се наоѓаат, САД, Русија, Египет, Израел и Турција.
По состанокот на државните министри за здравство минатата недела е најавено дека на аеродромите ќе се воспостават центри за тестирање за да се намали ризикот од ширење на пандемијата. Оние кои во земјата ќе се вратат и нема да имаат негативен тест на Ковид-19 ќе мора да бидат во 14 дневен карантин.
Според последните податоци во Германија на Ковид-19 позитивни биле 205.609 лица, а починаа 9.118.