Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
21 Декември 2021•Ажурирај: 22 Декември 2021
АНКАРА (АА) - Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC) денес објави дека варијантата Омикрон станала доминантна варијанта на коронавирусот, при што сочинува 73 отсто од случаите во земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението, Центарот за контрола и превенција на болести истакнува дека стапката на Омикрон се зголемила шест пати за само една недела.
Во подрачјето на Њујорк, југоисточниот, индустрискиот среден запад и северозападниот дел на Пацификот, новата варијанта е одговорна за 90 отсто од новите случаи на заразување.
Директорката на Центарот за контрола и превенција на болести, д-р Рошел Валенски, на Твитер напиша: „Проценките на националниот геномски надзор се дека Омикрон сочинува околу 73 отсто од случаите на Ковид-19. Овој остар пораст е сличен на она што е забележано во другите земји.“
„Центарот за контрола и превенција на болести продолжува внимателно да го следи Омикрон и да реагира на овој наплив“, додаде таа.