Zehra Ulucak
16 Април 2020•Ажурирај: 17 Април 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на починати поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 140.000 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometer“, 141.913 лица во светот починаа поради Ковид-19, додека бројот на откриени случаи во светот се искачи на 2 милиони 119 илјади и 713 лица.
Како последица на Ковид-19, најмногу лица починаа во САД, каде починаа 33.387 лица поради овој вирус.
По САД следуваат Италија си 21.645 починати, Шпанија со 19.130 починати, Франција со 17.167 починати, Велика Британија со 13.729 починати, Иран со 4.869 починати, Белгија со 4.857 починати и Германија со 3.856 починати.
Во Кина каде за прв пат се појави овој вирус, починаа 3.342 лица поради оваа пандемија.
Земјите каде бројката на починати надмина 1.000 лица се следни: Холандија (3.315 починати), Бразил (1.764 починати), Турција (1.518 починати), Шведска (1.333 починати), Швајцарија (1.281 починат) и Канада (1.048 починати).
Ширум светот од Ковид-19 излекувани се 535.249 лица, а моментално има 1.441.551 активен случај на овој вирус во светот.