Ahmet Gürhan Kartal
27 Април 2020•Ажурирај: 28 Април 2020
ЛОНДОН
Британските здравствени власти денес објавија дека бројот на смртни случаи од последиците на зараза со Ковид-19 во земјата се зголемил на 360 лица во последните 24 часа, со што е продолжен падот на смртноста, јавува Агенција Анадолија (АА).
Британскиот министер за здравство, Мет Хенкок изјави дека вкупниот на смртни случаи се зголемил на 21.092. Хенкок рече дека семејствата на вработените во Националната здравствена служба, кои починале од Ковид-19, ќе добијат 60.000 фунти (74.441 долари).
Тој исто така најави дека Велика Британија утре во 11.00 часот по локално време ќе одржи едноминутно молчење за работниците, вклучувајќи го и персоналот на Националната здравствена служба, кои починале од последиците на Ковид-19.
Премиерот Борис Џонсон ќе биде меѓу оние кој ќе оддаде почест, како и вработените на Владата.
„Ќе го поддржиме едноминутниот молк. Ќе ги замолиме сите кои работат во Владата да учествуваат и се надеваме дека и другите ширум земјата ќе оддадат почест“, изјави портпаролот на британскиот премиер.
Асоцијацијата за печат на Велика Британија соопшти дека над 90 здравствени работници починаа за време на пандемијата од 25 март.
Откако Турција во Велика Британија испрати опрема за лична заштита, министерот за надворешни работи на Велика Британија, Џејмс Клеверли изјави дека британско-турскиот сојуз е силен како и секогаш.
„Денес, му се заблагодарив на турскиот заменик министер за надворешни работи, Седат Онал, што ни помогна да добиеме витална опрема за лична заштита за официјалните претставници на Националната здравствена служба. Имавме и продуктивни и искрени разговори за Либија и Сирија “, напиша тој Твитер.
Вирусот Ковид-19 најпрвин се појави во Вухан, Кина, во декември 2019 година и досега се рашири во околу 200 земји низ светот, пренасочувајќи го епицентарот на заразата кон Европа и САД.
Пандемијата во светот досега зеде над 207.400 животи, бројот на дијагностицирани случаи со вирусот изнесува до 3 милиони, додека над 875.400 заболени оздравеа, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.